Македонија
25. August 2015 - 13:23

Ограбена аптека во Чаир

Разбојникот со закана со нож одзел 600 евра од аптека во Чаир. 
 
Како што соопштии МВР завчера околу 22:40 часот на улицата „Џон Кенеди“ во аптеката „Дерма Фарм“ непознат сторител со закана со нож извршил разбојништво над вработената, при што и одзел 36.000 денари.
 
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.