Македонија
31. March 2018 - 16:06

Ограбен музејот на Есма, кој таа и го подари на државата

Ограбена е спомен куќата на кралицата на ромската песна, Есма Реџепова.. Според информации на сител од увидот кој се правел вчера, од објектот на скопското кале на улицата Самоилова е извадена целата музејска поставка, недостасувал дури и системот за греење..

Засега не се знае во кој временски период е ограбен музејот на Есма.. Според информациите од полицијата, повеќе од три месеци никој од надлежните не го посетил објектот..

Од МВР го потврдуваат грабежот кој бил пријавен во текот на вчерашниот ден..

На 30-ти март е пријавено дека во периодот од 12.12.2016-та година до 30.03.2018-та година од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во музејот на Есма Реџепова на улицата Самоилова. Се превземаат мерки за утврдување на одземените предмети и пронаоѓање на сторителот, се вели во известувањето од полицијата..

Претседателката на хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“, обвинува дека виновни за испразнетиот музеј се двајца роднини на покојниот брачен пар.. Зорана Костовска во телефонски разговор тврди дека незаинтересираноста на институциите придонела за моменталната состојба.. Вели дека не се почитувал тестаментот на Есма во кој таа целиот свој имот го подарила на државата, а во изминатиот период дел од роднините на Теодосиевска воделе судски спор за имотот..

Инаку според извори од истрагата, во понеделник ќе се прави попис што недостасува во куќата на скопско кале и во кој временски период е одземена музејската поставка која сведочи за кариерата на Есма..