Свет
13. July 2015 - 8:57

Огорчените Италијанци пред распад на социјалната држава

 
Нови Лист – Риека
 
На домицилното население се потешко може да му се објасни хуманитарната логика, бидејќи ако државата не е во состојба да им помогне на Италијанците кои останале без работа, па зошто тогаш им донесува имигранти.
 
Во недостиг на јасна визија и конкретно усогласени процедури меѓу владите и некои европски држави прашањето за згрижување на емигрантите најчесто оди на единиците на локалната самоуправа.
 
Гледано од таа перспектива станува појасна се поголемата популарност на движењето на Северна лига (ЛН), кое според последните истражувања придобила околу 15 отсто од италијанското гласачко тело.
 
Формулата на ЛН која станува многу популарна, е едноставна: да се протераат илегалните имигранти, да се затворат границите со остра рестрикција на шенгенските правика за слобода на движење внатре во европскиот безграничен простор. Северната лига изникна во повеќеслојна мрежа на мали и средни по големина општини на италијанскиот север, посебно во Венета и Ломбардија.
 
Силата на тоа движење се темели токму на конзистентноста на општинските и градски админстрации во кои Северната лига веќе со години држи цврсто мнозинство. Сегашниот лидер на Северна лига Матео Салвини направи важен пресврт: ги напушти програмите од 90-те години и се претстави како движење заштитник на националните интереси од северот до југот на полуостровот.
 
Салвини успеа да придобие 15 отсто гласачи од италијанскиот главен град, кај Римјаните е се повеќе популарен бидејќи во тој град прашањето за емиграцијата станува се подраматично.
 
Треба да се прошетаме во венетската и ломбардиската провинција за да се стекне вистински впечаток за состојбата на теренот.
 
Венето до 2007 година беше регион-покренувач на италијанскиот индустриски развој, самата покраина Виченца со извоз оствари поголем промет од цела Грција, во соседниот регион Фриули Венеција Џулија делуваше индустриската зона позната како триаголник-столица (il triangolo della sedia). На стотици мали фирми годишно произведуваа над 70 отсто од сите италијански столици, 40 отсто од европското производство.
 
Индустриските погони денес се празни: во околината на Тревизо неколку поранешни производни хали се претворени во објекти за сместување и престој на имигранти. Граѓаните се огорчени, гледаат немоќно од ден во ден како исчезнуваат работните места, а од друга страна се шират приказни за огромно трошење на државни јавни пари за згрижување на бегалците.
 
Во Горица, град кој порано беше симбол на граничните италијанско-југословенски тензии, моментно се сместени околу 50 емигранти, поголем дел од Пакистан и Авганистан. Стигнале до Горица бидејќи во тој град делува штаб кој има задача да ја утврди веродостојноста, т.е. оправданоста за поднесените молби за добивање на статус на политички азилант. Во почетокот на годината во Горица се подигнати шатори во кои се сместени бегалците, а трошоците за згрижување се подмируваат од веќе намалениот општински буџет.
 
Пред распадот на социјалната држава расте гневот на домашното население на кои им е се потешко да се објасни хуманитарната логика бидејќи: ако ние немаме од што да живееме и ако државата не е во состојба да помага на нашите кои останаа без работа, зошто ни донесува имигранти, кои јадат од истата полупразна чинија?
 
Играње со емоциите на граѓаните
 
Во предградието на Милано околу 150 имигранти се сместени во зграда на поранешна детска градинка, која пред неколку години е затворена поради азбест во градежната структура. Домашното население остана без градинка и за возврат доби бројна колонија емигранти од африканските земји.
 
Состојбата е парадоскална. Општинската мерка дополнително ги разбранува духовите. Локалните жители велат дека улиците околу зградите станале небезбедни, дека се тргува со дрога. - Она што за нас беше отровно, за имигрантите е сосема прикладно за живеење. Општинските челници играат со нашето трпение, велат жителите.
 
Во таква состојба многу едноставно политички и популистички да се игра со емоциите на граѓаните гласачи и тоа Матео Салвини вешто го користи. Откако неколку постари хотели на брегот на Лигурија беа претворија во сместувачки објекти за имигрантите (покрај тоа сопствениците на хотелите со тој потег дојдоа до неочекуван профит бидејќи државата го плаќа секој кревет), Салвини распали по медиумите. - Еве додека нашите граѓани гладуваат, имигрантите се сместуваат во хотели со пет ѕвезди, изјави тој.
 
Од омразата до отворена физичка пресметка патот е кус. Друга приказна стигнува од нашиот познат Трст. Имено, во него неодамна е избегнат судир со етничката, т.е. националната позадина, кој можеше да има големи последици.
 
Актерите на приказната се момчиња од српска и албанска националност кои пораснале во овој град во кој родителите стигнале во 90-те години од минатиот век. Во градот веќе подолго време се знаеше за постоење на градски банди на млади Срби и Албанци кои често се судира, но во почетокот на јуни јавноста дозна за жесток судир на 40 момчиња кои со дрвени палки и железни шипки се тепаа во една улица на една населба веднаш до познатиот Понтеросо. Физичката пресметка траела неколку минути и се се завршило со неколку полесни телесни повреди.
 
Помирување на крајот
 
Но, неколку дена подоцна, откако локалниот весник „Ил Пиколо“ на првата страница ја објави веста за етничкиот судир на имигранти од Истокот во центарот на градот, се појави нова вест со дополнителни црни обележја. На еден дел од брегот кај Баркола, омилена плажа на младите од Трст, бандите на млади Срби и Албанци поставиле свои табори, ја поделиле меѓусебно плажата и на неа почнале суверено да владејат.
 
Репортерите од весникот „Ил Пиколо“ го посетија просторот кој Трстјаните нагалено го нарекуваат Тополино и фотографираа многу графити со амблеми на српската и албанската држава. Со црвена и црна боја на карпите на брегот се испишани пароли како: Ова е Косово, Ова е Србија, итн...
 
Веќе одамна се знаеше дека бандите на момчињата физички се закануваат. Неколку девојки доживеле многу непријатности, една дури била затворена во јавен тоалет и во тек на интервенцијата на чуварите на плажата била спасена од силување.
 
Откако беше опсипан со писма од огорчени капачи и родители, весникот од Трст одлучи да ја објави состојбата на брегот на Баркола. По неколку дена еден познат локален боксер Фабио Твиач, во два наврати државен првак на Италија во полутешка и тешка категорија, одлучи работите да ги земе во свои раце.
 
Преку интернет покрена мобилизација на Трстјаните со повик за заштита на брегот од напливот на странците од Истокот. – Трстјани, плажата Тополини е наша, мораме за нашите деца да обезбедиме слобода и безбедност, напиша тој.
 
На неговиот повик се огласија над 300 жители на Трст, одлучни на сила или со мирно да ја вратат сувереноста. Но, неколку дена пред договореното собирање на огорчените жители на Трст, на плажата под контрола на српските и албанските банди еден Албанец направи вистински потег. Собра околу себе неколку Албанци, купија детергент и крпи, отидоа во Баркола и за неколку часа ги избришаа напишаните графити.
 
Паралелно следеше и акција внатре во семејствата на воинствените момчиња, па на крајот се се заврши со фотографија на насловната страна на весникот „Ил Пиколо“: боксерот Фабио Твиач и Албанецот од Косово Газменд Мукуа, беа сликани како се ракуваат на плажата.
 
- Плажата Тополини им припаѓа на сите кои живеат во овој град, не можев само да гледам како група на кретени го валка името на мојата земја. Јас во Трст дојдов во 90-те годинни, тука се вработив и тука живеам, националните судири не смеат да го отрујат духот на градот, изјави Мукуа.