Огнот кај Песјак ставен под контрола, активни уште десетина пожари
Пожарот во атарот на село Нов Истевник во маалото Пасјак е ставен под контрола, додека активни се огнените стихии кај селата Робово, Мачево, Будинарци, кај Богословец, огното во атарот на село Кадрифаково, потоа кај село Џидимирци, на потегот меѓу селата Дрен и Смолани, над село Пожаране, како и на сртот кон НП „Јасен“, соопшти Центарот за управување со кризи.
Пожарот во атарот на село Нов Истевник во маалото Пасјак, кој започна на 2 август, е ставен под контрола и е во дијаметар од 15 километри. До овој момент опожарена е површина од 1.100 хектари со борова шума и нискостеблести растенија на планината Средна, се наведува во соопштението, со дообјаснување дека податоците се однесуваат на зафатената површина од пожарот на територијата на Општина Делчево.
– Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 4 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 60 припадници на Армијата, 25 вработени во Шумското стопанство „Голак“ од Делчево со четири теренски возила, ТППЕ „Делчево“ со 12 пожарникари и две протипожарни возила цистерни и едно теренско возило „Лада Нива“, пет припадници на Гранична полиција со четири теренски возило „Дефендери“, 10 припадници на ОВР – Делчево со три теренски возило, ЈПКД „Брегалница“ со пет вработени, два ровокопачи и едно теренско возило со еден тон вода и еден џип. Во гаснењето на пожарот се ангажирани и два хеликоптери на Армијата и РЦУК – Делчево со два вработенм ТППЕ – Македонска Каменица со четири пожарникари со едно теренско возило, МВР од единица „Тигри“ со 24 вработени, МВР – ЕБР со 22 вработени и ТППЕ од Бугарија со шест пожарникари и едно противпожарно возило цистерна, се нагласува во соопштението.
Пожарот е се уште активен, а екипите што се на терен и учествуваат во неговото гаснење се распоредени на повеке критични места со цел огненната стихија да се стави под контрола Во овој момент најлосо е на место викано Света вода помежу селата Тработивиште и Разловци.
– Волантери од Црвениот крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните во гаснењето на пожарот. Во гаснењето на пожарот учествуваат и жители од месното население, информира ЦУК.
Пожарот кој исто така започна на 2 август на местото викано Бeјаз Тепе е се уште активен во селата Робово, Мачево, Будинарци. На терен се 100 припадници на Армијата, 20 Ренџери, има Помош од Бугарија со три противпожарни возила и 25 пожарникари, екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз и 30 вработени, екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз и 15 вработени, ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари, 1 ПП возило од Скопје, 1 ПП возило од Штип, 1 ПП возило од Струмица, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени, РЦУК Берово 2 вработен, 80 луѓе од месното население. На терен е и екипата од Словенија, како и екипа од Австрија.
– Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на висок пожар во село Будинрци. Дејствуваат три хеликоптери на Арамијата на потегот Робово, Будинарци. Алармантна е ситуацијата околу селата Будинарци и Мачево, се додава во соопштението.
Состојбата во атерот на селата Црник, Умлена и Чифлик од вчера од попладневните часови е стабилна и на сите места има распоредено екипи за контролирање на опожарените површини.
– Пожарот околу селото Црник е ставен под контрола, на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над село Мачево и таму има екипи распоредени. Околу село Робово се прави појас за да се се прекине пожарот, се додава во соопштението.
Пожарот што започна вчера во Богословец се уште не е изгаснат и е активен во атарот на село Кадрифаково.
– Во гасењето на пожарот учествуваат 11 припадници на ТППЕ Свети Николе со 3 ПП возила, ДПД Свети Николе со 6 луѓе и 2 ПП возило, ШС Свети Николе – 15 луѓе, ЈКП Комуналец – 20 луѓе. Со пожарот е зафатена површина од околу 150 хектари со нискостеблеста дабова шума и смрека, борова шума и сува трева, а изгорени се и 4 куќи во селото Богословец и 1 трактор, наведува ЦУК.
Пожар избувна и во село Џидимирци, за што се известени Шумско стопанство „Бабуна“ и истите ќе пратат екипи на терен. – Подетални информации ќе има по пристигнувањето на екипата на лице место, информира Центарот.
Во струмичкиот регион, пожарот што избувна на 1 август во месноста Погана и зафати површина од околу 1350 хектари се уште е активен, посебно во делот непосредно пред ветерниците кај Богданци.
– На терен се ангажирани следните сили две противпожарни возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 11 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово 7, ЕВН со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило. На теренот присутните сили заедно со силите од Гевгелија направија појас на најкритичниот дел со должина од 300 метри и ширина од окулу 5-6 метри и на овој дел се чека пожарот за активно да се дејствува за да не префрли према Богданци, се додава во соопштението.
Пожарот кај Дамјан е активен, но нема опасност засега кон селото. Од ветерот се движи кон селата Дедино и Ињево. На координативно тело е договорено во да се излезе и да се види какви мерки да се превземаат.
– Во моментот таму се наогаат екипи на ТППЕ-Радовиш, со 3 пп возила, и 12 пожарникари, екипа од ТППЕ-Струмица со 1 пп Возило и 5 пожарникари како и екипа од ПШС-Плачковица-Радовиш со 15 луге локално население во гасење напожарот ке се вклучат со човечки ресурси и цистернаи од БОРОВ ДОЛ –Бучим, известува ЦУК.
Во Општина Прилеп, пожарот што избувна на 2 август во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица е активен со јак интензитет. Од Ракле се евакуирани две неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп. Во Ракле се останати се уште пет лица. ТППЕ Прилеп има ангажирано 2 противпожарни возила и 9 пожарникари.
Пожар на потегот меѓу селата Дрен и Смолани во општина Прилеп во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на месноста Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума.
На барање на градоначалникот на Прилеп, упатено до ДЗС Прилеп, за помош на лица за гасење на пожарите, договорено е денеска на терен д аизлезе екипа од 12 лица со алат за гасење на пожарите од ДЗС Битола и ДЗС Прилеп.
– Градоначалникот на Прилеп има доставено барање за воздушна подршка од хеликоптери и 20 војници од редовите на Армијата за помош во гасење на пожарот на потегот меѓу селата Дрен и Смолани се додава во соопштенето.
Пожарот над село Пожаране во Гостиварско повторно се активирал. Екипите на Македонски Шуми повторно се на лице место со едно возило и 4 вработени. Состојбата се следи.
Пожарот кај селата Раовиќ, Буковиќ и Ласкарци во Општина Сарај е под контрола, при што гори само високото на сртот према НП Јасен, каде веќе има екипи од НП Јасен кои доколку има потреба ќе интервенираат. Нема опасност по село Раовиќ и по останатните населени места, додават од ЦУК.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион