Македонија
16. July 2024 - 16:47
Огнената стихија повторно се шири на штипската страна од планината Серта
Пожарот повторно се раслпамти над селото Драгоево во правец на воениот полигон Пенуш. Со цел да се справат со огнената стихија утринава заседаваше кризниот штаб на општината. Пожарникари, припадници на Армијата, полицијата и други институции се на терен на штипската страна на планината Серта.
- На терен рано од сабајле е излезена војската, 40 до 60 припадници на АРМ, од ТППЕ – Штип имаме излезено со две возила, една цистерна и еден џип. Состојбата се следи бидејќи на полигонот Пенуш е ризично да се дејсствува, имаме неиспукана муниција. Таму само ја следиме состојбата и чекаме поддршка од воздух, изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ-Штип
Зоната околу воениот полигон е забранета за движење за населението. Во моментото нема опасност од ширење на огнот кон селата Драгоево и Селце, зашто гори подлабоко во планината, а опошарени се дабови и борови дрвја и сува трева.
- Вчера видов што горече најубавите борови, од багрем подебели, преку ден изгореа. Садени се 1957 година и до сега се чуваа, а сега и тие изгореа. Тоа е над Драгоево, Штракалево што го викаат, изјави жител на с. Селце
На кординативниот состанок градоначалаикот Јорданов побара поддршка од воздух, но и од волонтери од Македонски шуми.
- За да на одредени точки се контролира состојбата, пред се во ноќните часови за да се спречи од евентуално ширење на одредени позиции кои засега не се зафатени од огнот- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип
Од Дирекцијата за заштита и спасување добиле уверување дека во текот на денот ќе дејствуваат два ер трактори.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->