Живот
1. March 2016 - 21:05

Огнена топка лебдела на небото – „Беше страшно, како некој да запали светло“

Глетката која ќе ја видите навистина ретко се гледа. На видео снимката е забележан метеор кој спектакуларно изгоре во атмосферата на ноќното небо над Шкотска.

Некаде над Пертшајр, метеорот изгоре во блесок поради триењето со стмосферата, и за момент го осветли целото небо.

Џени Морисон имала неверојатна можност оваа глетка да ја види во живо, кога се враќала дома од работа и ја здогледала огнената топка на небото.