Оглас што го насмеа регионот: Снаа подарува свекрва - Зачувана, речиси нова
На еден форум неодамна се појави оглас кој стана хит во регионот. Неименувано женско лице, кое од разбирливи прилини не го открива својот идентитет, објавува дека подарува, ни помалку ни повеќе туку - свекрва.
Духовитата снаа свекрвата ја опиша како автомобил, а еве кои се нејзините карактеристики.
Оглас: Подарувам свекрва
Модел: Свекрва
Состојба: Зачувана, тропка како нова
Боја: Светла окер
Година на производство: 1948.
Поминати километри: Два брака (првиот од 15, другиот 18 години).
Мотор: Месојад (двотактен)
Тежина: 75.
Гаражирана: Да
Опис:
Свекрвата е како нова, во фабричка состојба, сто отсто технички исправна, без рѓа. Пред две години направена генералка во овластениот сервис КБЦ Ребро. Внатрешноста кожна, сите оригинални делови, вреди да се погледне. Само за сериозни. Не одговарам на пораки, само на повици.
Со оглед на тоа дека во огласот се споменвуа Клиничко - болничкиот центар Ребро очигледно е дека снаата и свекрвата се од Загреб, а зошто е направен огласот тие си знаат.
Ново на Сител
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации
-
Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Сончево и многу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања