Официјално прогласено: Почна новата геолошка ера
Група експерти, чија задача беше да го разгледаат прашањето дали официјално сме влезени во антропоцен - геолошки период кој се карактеризира со влијанието на луѓето и нанесувањето штета врз планетата, даде свој одговор - да.
Со почетокот на епохата антропоцен се завршува епохата холоцен, која траеше или трае последните 12.000 години откако заврши последното ледено доба.
Радјација, загадувањето, уништувањето на шумите...Човекот во последните неколку децении во толку голема мерка ја измени планетата на начин на кој во минатото биле потребни десетици милиони години, а најголема штета е нанесена во периодот на индустриската револуција.
Шефот на британската работна група за Антропоцен (WGA) на геолошката конференција во Кејптаун изјави дека според негово мислење епохата антропоцен почнала во 1950 година. Тоа бешеера на почеток на тестирањето на нуклеарните бомби, пластики за еднократна употреба и еден вид „бум“ за човечката популација.
Терминиот „антропоцен“ брзо стана академски термин и почесто почна да се користи во јавноста во последните неколку години. Меѓутоа, колку повеќе се користи терминот, се прави поголема конфузија, барем за оние, кои не се упатени детално во науката.
Грубо преведено антропоцен ерата значи „доба на луѓето“. Геолозите ги испитуваат слоевите на карпите наречени „страта“, кои ги покажуваат промените во фунционирањето на Земјината површина - океанските, биолошките, копнените, речните, атмосферските, тектонските или хемиските.
Суштината на оваа теорија е во тоа дека со текот на времето сме го промениле екосистемот на Земјата на начин на кој во прашање е доведен човечкиот опстанок.
Концептот антропоцен е провокативен уште повеќе од концептот за глобално затоплување, бидејќи имплицира дека нашиот сегашен начин на живот, особено во развиените делови на светот е целосно неодржлив.
Научниците се уште дебатираат околу оваа теорија.
Ново на Сител
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче
-
Уапсени три лица за убиство на 84 годишен старец во Кривопаланечко
-
„Магна“ ја отвори втората фабрика во Штип, инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места
-
Преглед на вестите од светот
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром
-
Филипче бара лидерска за носење на надпартиска стратегија
-
Судот го отстрани Палчо од судница, Кешишев не сака да сведочи пред него