Официјално крунисување на јапонскиот цар Нарухито

Јапонскиот цар Нарухито денеска официјално ќе биде крунисан, а на традиционалната церемонија ќе присуствуваат околу 2.600 луѓе и владини претставници од 170 држави.
Царот Нарухито (59) го презеде тронот на 1 мај од неговиот татко Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Тој беше прв јапонски император кој абдицирал во последните 200 години.
Јапонскиот цар Акихито и царицата Мичико драматично ја модернизираа монархијата и значително ја зголемија популарноста на династијата. Акихито ја прекина традицијата речиси во сè, од венчавка со својата љубов која не е благородничка, до извинување за јапонските воени злосторства.
Јапонската Влада издвои околу 16,1 милијарди јени (148 милиони долари) за церемониите поврзани со наследување на тронот што ќе се одвиваат цела година.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
