Официјално: Копа Америка 2020 ќе се игра во Аргентина и Колумбија
Аргентина и Колумбија официјално ќе бидат домаќини на Јужноамериканските тимови за континенталното првенство следната година. Двете земји ја добија битката со САД, Австралија, Кина, Русија и Катар. Веста беше дистрибуирана од прес-центарот на КОНМЕБОЛ.
Домот на Лионел Меси ќе биде домаќин на т.н. „Јужна зона“, која ги вклучува Боливија, Чиле, Парагвај, Уругвај и „гаучосите“. „Северната зона“ на Колумбија е домаќин на Бразил, Еквадор, Перу, Венецуела и „лос кафетерос“. Во секоја група ќе биде додаден уште еден тим кој ќе биде поканет да учествува дополнително. Најдобрите четири тимови во секоја зона одат во директна елиминација.
За последен пат Аргентина ја организираше Копа Америка во 2011 година, кога Меси, Карлос Тевез, Диего Милито, Хавиер Занети, Анхел Ди Марија и компанија стигнаа само до четвртфинале. Последното домаќинство на Колумбија пак датира од 2001 година, кога под водство на легендарниот Франсиско „Пачо“ Матурана тимот го освои единствениот трофеј од првенството, победувајќи го во финалето Мексико со шампионскиот гол на Иван Рамиро Кордоба.
Потсетуваме дека во текот на летото Бразил ќе ја организира завршницата на Копа Америка 2019. КОНМЕБОЛ го прави сето ова, за да го „израмни“ големото првенство на Јужна Америка со тоа во Европа, што се одржува на четири години. Така, во 2020 година во исто време ќе се одржат и завршницата на УЕФА ЕП 2020 и Копа Америка. Тоа е буквално, бидејќи и двата турнири ќе стартуваат на 12 јуни и ќе завршат со финале на 12 јули.
Ново на Сител
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас
-
Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа