Официјален Лондон реагира на зборовите на Меган: Нема простор за расизам
Британската министерка за детски права Вики Форд денеска изјави дека нема место за расизам во општеството откако Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, „обвини некој од британското кралско семејство дека бил загрижен за тоа колку темна кожа ќе има нивното дете“.
Меган Маркл, чија мајка е Афроамериканка, а татко и белец, рече дека додека била бремена и го чекала раѓањето на нејзиниот син Арчи (2), кралскиот дворец изразил „загриженост за тоа колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди“.
– За расизмот апсолутно нема место во нашето општество, изјави Вики Форд за Скај Њуз.
Таа додаде дека не го гледала интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл во емисијата на Опра Винфри за американската телевизија Си-Би-Ес што се емитуваше синоќа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот