Бизнис
19. January 2023 - 16:31

ОЕЦД прогнозира добар приход од Данокот на добивка

Воведувањето минимален данок на добивка на владите ќе им донесе нe 150 туку 220 милијарди долари годишно. Извештајот на Организацијата за економска соработка покажува дека овој данок, чија стапка би била 15%, на државите ќе им донесе значително повисока сума отколку што претходно се проценуваше. Над 130 земји кои преставуваат 90% од светската економија се согласија да се воведе ниска стапка данок на добивка за компаниите чија цел е да ги спречи мултинационалните фирми да го селат бизнисот во други земји барајќи ниски даночни стапки. Исто така, според ОЕЦД  со приходите од дополнителниот данок, значително ќе им се помогне на земјите со ниски и средни приходи.

Данок на добивка ќе се воведе и кај нас. Но ќе се вика солидарен и  ќе го плаќаат успешните компании кои во време на кризата остварија екстра профит. Ако останеше старото име и начин на пресметка ќе беше противуставен и неприменлив. Данокот на солидарен придонес ги опфаќа фирмите кои лани оставриле  вкупен приход над 10 милиони евра, а  ќе се пресменетува  од иста даночна основа како што беше планирано, но  ќе се плаќа и ќе биде трошок на 2023 та.  Како што Сител вчера објави се разговара кој од двата модели да се прифати. Првиот е  како основа да утврди разликата меѓу даночната основа на данокот на добивка после намалување за 2022 та година и просекот на даночна основа за 2017, 2018, 2019 и 2021 поделено со 4 и зголемен за 20%, а вториот е да се пресметува како разлика од просекот на овие големини за 2021 и 2022 и просекот за 2017, 2018 и 2019 зголемен за 20%.

Даночната стапка што ќе се применува на оваа разлика изнесува 30% и ќе мора да се плати до 30 април годинава.  

Концептот на законот  е при крај,  вчера  потврди и премиерот Ковачевски

 Концептот на законот е подготвен, но нема да биде пуштен се додека не биде усогласен со стопанските комори бидејќи компаниите коишто се опфатени со овој закон се членки на коморите. Не се работи за зафаќање на профитот од редовното работење, туку за оданочување на екстра добивката што е над просекот што компанијата ја остварила изминатите години, изјави Димитар Ковачевски, премиер.

Според владините пресметки, солидарниот данок ќе опфати над  180 компании., а во буџетот ќе се соберат  околу 90 милиони евра – пари кои ќе бидат наменети за граѓаните и стопанството полесно да ја пребродат кризата.