Одземени десет возила поради предизвикување голема бучава и диви трки во Скопје | ФОТО
Полицијата денеска одзела десет возила поради предизвикување голема бучава и т.н. диви трки на булеварот „Трета македонска бригада“, во Скопје.
Како што информира МВР, денеска во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава.
- Веднаш по пријавата од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што истите се сопрени и привремено се одземени 10 патнички моторни возила поради основано сомнение за техничка неисправност на возила. Истите ќе бидат однесени во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали возилата се технички исправни и дали ги исполнуваат условите за учество во сообраќајот, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар