Македонија
11. July 2022 - 18:08

Одземени 9 мотоцикли поради голема бучава и истечена сообраќајна, вкупно казнети 262 мотоциклисти

Во периодот од 04.07.2022 до 10.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 262 возачи. Од нив, 182 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 45 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштение од МВР.