Одземен пасош, забрана за работа и приближување за професорот пријавен за сексуално вознемирување

Судија на претходна постапка одредил мерки на претпазливост - одземање патна исправа, забрана за определни работни активности поврзани со кривичното дел и забрана за приближување на професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка.
Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека определените мерки се на предлог барање од Основното јавно бовинителство.
Наставникот, како што информира претходно МВР, е лишен од слобода на 9 март, откако претходно добиле пријава дека вознемирувал ученичка и барал да имаат полови односи.
-На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава - информираа од МВР.
Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираа од Обвинителство, веднаш поведе постапка, информирајќи дека во моментов интензивно се работи на прибирање докази. -Лицето е обезбедено со мерки на претпазливост - одземање на патна исправа, забрана за приближување до лица и забрана за преземање определени работни активности (односно забрана за работа), информира Обвинителство.
Ново на Сител
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
