-->
-->
Одрони на магистралата А3 на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани и на патот Берово – Виница
-->

Интензивните врнежи од дожд во Пијанечкиот регион повторно влијаеа на создавање одрони на повеќе места на регионалниот патен правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани како дел од магистралата А3. Поголеми одрони утрово како што јавуваат возачи има на излезот од Делчево, веднаш по првата кривина кај село Очипала.
-Одроните се доста големи кај Очипала, делница каде по секој дожд или снег одроните се присутни. Така беше и утрово, а освен таму, долж патниот правец може да се забележат и на други места, каде и порано имало одрони. Дел од нив зафаќаат еден дел од коловозната лента и затоа советот е да се вози внимателно, информираат возачи.
На регионалниот патен правец во есенско-зимскиот период при појава на врнежи, како што потврдија од ,,Македонија пат”, е честа појавата на одрони.
-Утрово имавме интервенции на расчистување поголеми одрони долж магистралата А3 од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани. Иако во моментот патничкиот и товарниот сообраќај се одвива без проблеми, сепак апелот е да се внимава на овој патен правец, истакнаа од „Македонија пат“.
Оттаму додадоа дека екипи работат и на расчистување на одрони на патниот правец Берово – Виница.
-Нашите екипи остануваат во обиколка на теренот и во секоја слична ситуација благовремено ќе интервенираме, додадоа од „Македонија пат“.
Во изминатите 24 чада сообраќајот на споменатите патни правци се одвива по влажни коловози, што според надлежните упатува на дополнителна претпазливост во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
-

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни, но и родители што ќе одбијат да соработуваат со училиштето
-

Лавров: Неколку земји побараа членство, но БРИКС нема да брза со проширување
