Одрони и свлечишта на повеќе патни правци
На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км поради свлечиште патот е во прекин во обата правца. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку градот Битола, соопшти АМСМ.
На патниот правец Кочани – Делчево поради одрон со голема количина на материјал, сообраќајот е во прекин и се работи на расчистување. Како алтернатива може да се користи патот Виница – Смојмирово – Делчево.
Вчера од 17:00 часот општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.
На 10.03.2016 год од 13:00 часот поради одрони на пат на Виничка крстосница помеѓу с.Истибања и с. Калиманци блокиран е сообраќајот во двата правца, Сообраќајот се пренасочува преку Виница.
Од вчера напладне на регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај с.Страцин има свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот. Се препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација. Екипите на ЈП Македонијапат интензивно работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 100 м има на Стража, Крушево и Ѓавато.
Ново на Сител
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура