-->
-->
Одредени терминте за финалето на кошаркарскиот шампионат
-->
Oткако во неделата екипата на Куманово стана вториот тим, по МЗТ Скопје Аеродром, кој обезбеди пласман во финалето на кошаркарскиот шампионат на Македонија, денеска се потврдени термините за одигрување на финалната серија.
Иако првично беше предводено, финалето да започне денеска, сепак, стартот е поместен за еден ден. Така, во утре (среда) од 18 часот во СЦ „Јане Сандански’’ бранителот на шампионскиот трофеј МЗТ Скопје Аеродром ќе биде домаќин на Куманово во првиот меч.
Вториот натпревар е закажан за 21 мај (сабота) во Куманово, а третиот одново во Скопје за 24 мај (вторник).
Доколку овие три меча не бидат доволни да се добие шампионот, бидејќи финалната серија се игра во три добиени натпревари, тогаш евентуалните четврти и петти натпревар ќе се играат на 27 и 29 мај, прво во Куманово, а мајсторката во Скопје.
Потсетување дека токму МЗТ Скопје Аеродром и Куманово и минатата година играа во финалето, кое аеродромци го добија со 3:0 во победи. ИТ//.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Со возилото кое излета во Вардар управувала една од починатите жени