Loading Video...
Ракомет
9. May 2018 - 14:10

Одредени двојките за завршните турнири во ракометниот Куп на Македонија

 
Денеска во просториите на РФМ беа извлечени полуфиналните двојки за 26-то издание на Купот на Македонија во двете конкуренции.
 
Мажите ќе играат во салата „Младост“ во Битола и тоа на 18 мај во терминот од 16:30 часот ќе се сретнат Еурофарм Работник и Металург, а од 19:15 часот ќе играат Вардар и Пелистер. 
 
Финалниот меч во машка конкуренција е ден подоцна (19 мај) за кога во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ се закажани полуфиналните средби кај дамите. 
 
Во првиот меч (од 15 часот) ќе играат Металург и Вардар Јуниор, додека во вториот (17 часот) топ фаворитките вардарки за противник ќе ги имаат ракометарките на Пелистер. 
 
Финалниот меч во женска конкуренција на програмата е на 20 мај од 13 часот.