Бизнис
8. July 2015 - 20:01

Одобрено спојувањето на ВИП и ОНЕ - Се чека влез на трет мобилен оператор

Оне и Вип и официјално се спојуваат. Со добивањето дозвола од Комисијата за заштита на конкуренцијата за спојувањето на вториот и третиот мобилен оператор во една компанија, Телеком Австрија добива целосна контрола над операторот кој беше во сопственост на Телеком Словенија.

Во соопштението од Комисијата се наведува дека  со спојувањето ќе има одредени промени на пазарот, нарушување на конкуренцијата и затоа се бара влез на нов мобилен виртуелен оператор кои ќе нуди услуги во наредните 15 години. Согласноста за спојувањето е издадена врз основа на одредени обврски.

Од Телеком Австрија и телеком Словенија сметаат дека спојувањето ќе  биде од корист и за македонските корисници и за макеоднската економија.

-Предложените обврски обезбедуваат добра основа за успешен влез на пазарот на нови учесници кои ќе бидат во можност да комбинираат мобилни и ТВ понуди за да се создадат конвергентни пакети. Со тоа ќе се овозможи конкуренција во поглед на цената и производите на сите засегнати пазари. Покрај тоа, споениот субјект one.Vip ќе прерасне во компанија со доволен обем и капацитет за подобро да инвестира и да се натпреварува во поглед на цена, квалитет и иновации. Ова ќе овозможи најдобри искуства за потрошувачите и бизнисите. Според тоа, ние силно веруваме дека спојувањето ќе биде од корист и за конкуренцијата и за македонските корисници и ќе го промовира one.Vip како доверлив партнер на македонската економија и општество, стои во соопштението на Телеком Австрија .

Уште во октомври лани, Телеком Австрија Групацијата објави дека е подстигнат договор со телеком Словенија за да се спојат ВИП И ОНЕ кои работата во земјава.

Со спојувањето, Телеком Австрија ќе поседува 55 отсто, и ќе има целосна контрола врз новонастанатата компанија,  а телеком Словенија 45 проценти од сопственста.

Во договорото за спојувањето стои и опцијата за излегување на Телеком Словенија од заедничкото вложување , во рок од три години од затварњњето на спојувањето.

Затварањето на  трансакцијата од спојувањто на операторите се очекува да биде во четвртиот квартал  годинава.