Одобрено спојувањето на ОНЕ и ВИП

Комисијата за заштита на конкуренцијата ја одобри концентрацијата со која Мобилком Австрија стекнува контрола над телекомуникацискиот оператор ОНЕ. Концентрацијата е во согласност со одредбите од законот и ја одобрува под услов подносителите, ОНЕ и ВИП да ги исполнат преземените обврски во утврдените рокови.
Барањето за спојување на ОНЕ и ВИП е доставено првично до Комисијата на 30 декември 2014 година. Врз основа на доствената документацијата Комисијата утврди дека пријавената концентрација ќе доведе до нарушување на конкуренцијата на пазарот на обезбедување мобилни телекомуникациски услуги и на пренос на аудиовизуелни содржини до крајни корисници.
- Имено спојувањето на ОНЕ и ВИП кои се втор и трет мобилен оператор ќе доведе до значително нарушување на ефективната конкуренција и реализацијата на предметната концентрација ќе значи дека друштвата Близу и Диги ќе станат дел од иста групација, наведуваат од Комисијата за заштита на конкуренцијата.
На 6 јули годинава доставени се до Комисијата за заштита на конкуренцијата изменети обврски со цел да се постигне концентрација која е во согласност со одредбите на законот. Со нив подносителите се обврзуваат во релативно краток период по реализација на концентрацијата да обезбедат фактички влез на нов целосен мобилен виртуелен оператор на пазарот кој ќе нуди услуги од мобилната телефонија најмалку во период од 15 години.
Дополнително се обврзуваат дека до влезот на пазарот на целосниот мобилен виртуелен мрежен оператор, ВИП односно ОНЕ.ВИП како негов правен следбеник нема да ги измени постоечките малопродажни пакети на ВИП.
Подносителите преземаат обврски и во однос на преносот на аудиовизуелни услуги на крајни корисници односно преземаат обврска да се направи достапно Direct to Home (DTH) решението на бела етикета на Групацијата на Телеком Австрија преку сателит односно дека Групацијата на Телеком Австрија ќе ја стави на располагање својата техничка дистрибуциска платформа на баратели со што ќе им овозможи да пренесуваат сателитски RAY-TV услуги до крајни корисници во Република Македонија.
Ново на Сител
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Во судир на три автомобили повредени 8 лица
-

Николоски: Успехот на Македонија во растот на авиолетови и туризам препознаен од Светска банка
