Одобрено обвинението за случајот со починатите родилка и новороденче во Гевгелија
По поднесен обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Велес, Советот за оцена на обвинителните акти при Основниот суд Велес донесе Решение со кое е одобрен Обвинителниот акт поднесен против тројца лекари - еден анестезиолог и двајца гинеколози за случајот со починатата родилка и новороденчето во Гевгелија.
- Обвинението беше поднесено поради нивно несовесно постапување на 22.10.2015 година, при породување на пациентка во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, што резултираше со смрт на родилката и на нејзиното новородено. Решението за одобрување на Обвинителниот акт е донесено по приговорите поднесени од страна на обвинетите и нивните бранители, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во него ОЈО потсетува дека по спроведената истражна постапка против четири лица, Основното јавно обвинителство – Велес во Основниот суд во Велес поднело обвинение против Т.В. – лекар специјалист – анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија, В.Ч. и Д.М. – лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Општа болница – Струмица. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од чл.217 ст.2 в.в.чл.207 ст.1 од Кривичниот законик.
Обвинителството донело Наредба за запирање на истражната постапка што се водеше против четвртото осомничено лице, кое во меѓувреме почина.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење