Одобрен анексот за автопатот Демир Капија - Смоквица

Владата на Република Македонија на денешната редовна седница на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од потпишување на анекс на Договорот за изградба на автопатска делница Демир Капија – Смоквица.
Со Анексот се продолжува времетраењето на Договорот за изградба до 28 февруари 2018 година. Освен продолжувањето на рокот, анексот не предвидува дополнителни средства за градежните работи што треба да бидат изведени за завршување на автопатот. Градежните зафати се однесуваат на дислокација на далноводот на МЕПСО и на изградба на контролниот центар.
Со продолжувањето на времетраењето на договорот за градежни работи до 28.02.2018 година, ќе се продолжи и времетраењето на договорот за надзор. Согласно првичните пресметки направени од Надзорниот орган, за надзор на градежните работи се потребни околу 850.000 евра, средства кои се обезбедени во рамки на тековниот заем наменет за реализација на проектот, велат од владината прес-служба.
Со потпишување на Анексот, додаваат, ќе се овозможи завршување и пуштање во сообраќај на новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица, како дел од Пан-европскиот Коридор 10, најдоцна до почетокот на март 2018 година.
Ново на Сител
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
-

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата
-

ЗОИ 2026 без допинг афера, прв пат по 28 години
-

По долго време се открива уште едно скриено богатство на Стоби - мозаик во Куќата на Партениј
