Одлуки за закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје на 86. владина седница
Владата на денешната седница ќе ја разгледа нацрт - одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината.
На дневен ред се и нацрт – договорот и одлуката за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги Балканлар пластик производство ДОО увоз - извоз Скопје, како закупец на земјиште.
Министрите денеска ќе дебатираат и за информациите за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа и за воведувањето заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и на Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане или one -stop-shop.
На предлог на Министерството за финансии, Владата денеска ќе го разгледа предлог - законот за јавните набавки, а на предлог на Собранието на Република Македонија и предлог - законот за изменување и дополнување на законот за игрите на среќа и забавните игри.
На 86-тата седница Владата ќе дискутира и за предлог - програмата за изменување на програмата за превентивни мерки за спречување на туберкулозата кај населението во Република Македонија за 2018-та година.б
Ново на Сител
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи