Македонија
5. July 2018 - 17:17

Одлуката за изградба на прифатен центар за мигранти објавена во Службен весник од јануари годинава, Заев повторно негира

Во атарот на село Бардовци, возејќи  по земјен пат  пристигнавме до местото каде се планира изградба на бегалски камп. Околу ниви а пред нас зашумени стари објекти , воени магацини кои некогаш ги користела армијата . Од спротива се гледа скопската обиколница, десно Качанички пат, но до оваа локација сеуште нема асфалтен пристап. Предвидено е центарот за странци да се простира на над  7 хектари површина според катастарскиот број кој е објавен во службениот весник.  

Да се изготви урбанистичка документација за изградба на прифатен центар за странци за потребите на секторот за гранични работи и миграции при МВР. Ова е објавено во службен весник број 16 од јануари 2018 каде под точка 1.6 се наведени  броеви  на катастарска парцела и  имотен лист. На годишната програма поднесена на 23 јануари, потпис ставил претседателот на Владата Зоран Заев. Оваа програма стапила на сила уште следниот ден. Оттогаш на социјалните мрежи кружат повеќе документи меѓу кои и барањето испратено од Агенцијата за планирање на просторот која до повеќе институции побарала документација за податоци и информации.

И на овие јавно објавени документи,  премиерот вели дека е лага и тврди дека никој не побарал ниту пак ќе се градат бегалски кампови во Македонија.

Лага е дека ќе се градат бегалски кампови во Македонија

На бегалците Македонија не им е крајна дестинација, тие само транзитираат низ неа. Ниту некој побарал, ниту Македонија планира да гради кампови за бегалци. Тоа е апсолутна невистина и голема лага,

За жал, некој се повеќе ја злоупотребува таквата наводна информација. Точно е, Македонија продолжува заедно со земјите членки на ЕУ да ги координира акциите и е прва земја што прима бегалци од Грција, но и во најкритичните моменти како што беше во 2015 и 2016 година целиот процес се менаџираше заедно со земјите од ЕУ.

ПРетходно демантираа и министерката за Труд и социјална политика, општина центар и градоначалникот на Скопје.