Македонија
27. May 2016 - 11:09

Одложено судењето на обвинетите за „Дива населба“

Судскиот процес против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“ денеска е одложен, бидејќи судијата која го води предметот Верка Петковска е на боледување. Новото судско рочиште е закажано за 31 мај.

Судењето требаше да продолжи во големата сала на Врховниот суд,  бидејќи во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.
     
Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја  спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.