Одложено сослушувањето на каталонските сепаратистички лидери

Шпанскиот Врховен суд го одложи за 9 ноември сослушувањето на поранешните членови на распуштениот каталонски парламент на барање на нивните адвокати.
Меѓу членовите на таа група е и сменетата претседателка на парламентот, Карме Форкадељ. Претходно, членови на сменетата каталонска влада и пратеници почнаа да пристигнуваат во суд во Мадрид каде денеска требаше да се соочат со евентуални обвиненија за бунт поради прогласувањето независност на Каталонија.
Вкупно 20 регионални политичари, меѓу нив и разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон се повикани да се јават пред суд. Во прашање се 13 членови на сменетиот каталонски кабинет и шест членови на парламентарен одбор.
Прв пред судот се појави каталонскиот потпретседател на Владата Ориол Жункерас. Врховниот шпански суд го повика Пуџдемон и 13 негови сменети министри да се појават пред судии денеска и утре, најавувајќи обвиненија против нив. Пуџдемон ќе соработува со шпанските и белгиски власти иако денеска не се појави пред шпански судии, изјави адвокатот на сменетиот каталонски лидер.
- Атмосферата не е добра, подобро е да се дистанцираме. Ако побараат, тој ќе соработува со шпанските и белгиски судови, изјави адвокатот Пол Бекерт.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
