Одложено рочиштето за објавување прислушувани разговори во Куманово
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, претставникот на правното лице СДСМ Дамјан Манчевски и адвокатот на одбраната Мирослав Вујиќ, денеска не се појавија на четврото рочиште закажано во кумановскиот Суд по однос на приватната тужба на Виктор Цветковски, за неовластено снимање и објавување снимки.
На рочиштето во кумановскиот Суд се појави третообвинетиот Мартин Костовски, кој информираше дека Зоран Заев, претставникот на СДСМ Манчевски и адвокатот на одбраната Вујиќ не можат да присуствуваат на рочиштето поради обврски во Државната изборна комисија, односно поради седницата на ДИК. Адвокатот, појасни, Костовски не може да присуствува,бидејќи е претстваник на СДСМ во ДИК.
Цветковски поднесе приватна тужба против Зоран Заев, Мартин Костовски и правното лице СДСМ поради објавување на телефонски разговори кои беа објавени во „бомбите“ на СДСМ, односно ги тужи за неовластено снимање и објавување снимки врз основа на член 151 од Кривичниот законик. На оваа рочиште требаше да бидат сослушани обвинитетите Зоран Заев, Мартин Костовски и претставник на правното лице СДСМ.
- Јас како приватен тужител исклучиво имам за цел, за волја на вистината да докажеме кои беа мотивите за едно вакво кривично дело и да ставиме крај на ваква пракса во Македонија, некој за политички поени да доаѓа во позиција да објавува приватни разговори и за цел да има дискредитации на личности. Сметаме дека ваквите процеси треба да стават крај на вакви ситуации кои што во Македонија гледаме доста често се повторуваат, изјави за медиумите Цветковски.
Тој потенцира дека неговниот адвокатски тим се согласил на денешниот термин на барање на обвинитетите, иако, дале предлог, терминот да биде пред изборите, како што рече поради нивни обврски околу изборната кампања.
- Можно е и на наредната расправа да биде даден, нов мотив или аргумент за да се одложи расправата, рече Цветковски.
Потстети дека претходно како приватен тужител ги изнел сите докази и изведување на сведоците и сега рече, одбраната е на потег да кажат, зошто е направено сето тоа со снимањето и објавувањето на снимките.
Одговарајќи на новинарско прашање кои се казните, Цветковски потенцира дека Судот ќе донесе одлука, во случај ако бидат прогласени за виновни.
- Законот е јасен, за правното лице исклучиво е парична казна, додека за физичките лица има можности и за построга казна од парична до казна затвор, рече Цветковски.
На претходното рочиште беа сослушани сведоците Зоран Дамјановски, Трајче Трајковски, Зоран Петрушевски и Маја Димиќ.
Наредното рочиште е закажано за 20-ти јануари следната година.
Цветковски, инаку генерален секретар на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ ги тужи Заев, Костовски и правното лице за објавување разговори меѓу него и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска водени во 2013-та година меѓу двата круга од локалните избори.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец
-
Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места