Одложено денешното рочиште за предметот „ТНТ“
Поради спреченост на обвинителот и на дел од обвинетите, за 22 декември е презакажана главната расправа за предметот „Т.Н.Т.“ што требаше да се одржи денеска, информираат од Основен кривичен суд Скопје.
-Главната расправа за предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како „Т.Н.Т.“, насрочена за 14.12.2021 година се презакажува заради спреченост на обвинителот и дел од обвинетите да присуствуваат на судењето од здравствени причини, соопшти Основен кривичен суд Скопје.
Следниот термин за продолжување на главната расправа, како што посочуваат од Судот е на 22 декември од 10:00 часот за што, како што велат, веќе се известени странките во постапката.
Случајот „Т.Н.Т“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.
Обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.
Ново на Сител
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ со предлог за нула ДДВ за прехранбените производи, Владата најавува поригорозни казни ако се зголемат цените
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Состојба на патиштата