-->
-->
Одложени преговорите поради намерата на СДСМ да воведе цензура во медиумите
-->
Експлицитното барање на ВМРО ДПМНЕ да нема цензура за медиумите, според извори на Пресс 24 од преговорите била главната пречка заради која порано заврши денешната партиска средба.
Како што дознава порталот од страна на ВМРО ДПМНЕ биле побарани цврсти гаранции во форма на одредба дека ниту новинар, ниту медиум не може и не смее да биде казнет за искажан став или мислење, нешто што е предвидено и во Кодексот на новинарите на Македонија. Имено токму кодексот предвидува дека слободата на медиумите е неприкосновено право, а новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења, но и право да коментираат.
СДСМ одбиле да дадат поддршка на ваквиот одлучен став на ВМРО ДПМНЕ со што повеќе од јасни станале нивните намери за наводните реформи во медиумската сфера кои што ги предлагаат.
Дијаметрално спротиставените позиции на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ по ова прашање, односно судирот на концептите на слобода на медиуми и воведување на цензорски механизми, во моментов се чинеле непремостиви, па било одлучено работната група да се состане после празниците.
Како што претходно објави Press24 дел од џентлменскиот договор за денешната средба било и да не биде напаѓан СДСМ со прашања зошто избегаа во два наврати и бараа да се одложат изборите кога цело време знаеле дека гласовите со кои ги победи ВМРО ДПМНЕ воопшто не се спорни.
Како што вчера објави порталот, преку 80% од гласачите кои ги спори СДСМ се Албанци од шестата изборна единица и уште 10-тина отсто припадници на другите етнички заедници. ВМРО ДПМНЕ во ИЕ6 на последните избори освои околу 26000 гласа, односно 4 пратеници, што е многу далеку од бројката што ја спори СДСМ. Доколку СДСМ биле во право, како што вчера се коментираше со потсмев, тогаш според математиките би требало ВМРО ДПМНЕ да ги победи ДУИ и ДПА во Тетово и Гостивар со 15 пратеника против 5. Напредокот кој е постигнат со признанието на СДСМ во голема мера ја релаксирало атмосферата на разговорите меѓу партиите и отворило простор за дијалог околу пакетот закони за медиуми. Овој пакет според наши извори е во голема мера договорен меѓу партиите. Единствено нешто за кое не е постигната согласност е принципот на казнување, бидејќи единствено СДСМ се залагало за воведување на нови критериуми пто од друга страна може да бидат вовед во цензура и автоцензура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки
-
Кривична за сопственик на фирма, работник без работна дозвола се заглавил во работна машина и починал
-
Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец
-
ОЈО отвори истрага против 21-годишен скопјанец, во претрес на таванска просторија во зградата каде живеел пронајдена дрога и оружје
-
Малолетник нападнат од неколку лица на автобуска станица во Центар
-
Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан
-
Бесент: Мислам дека Путин е воен злосторник, но со него треба да преговараме