Одложена жетвата во Пелагонија поради дождовите
Големите количини дожд кои паднаа изминатиот месец ја одложија жетвата во најголемата житница во Македонија, Пелагонија. Жетвата на јачменот која започна на почетокот на јуни беше прекината и се уште не се знае кога ќе биде продолжена.
-Јачменот требаше од 10 јуни. Не е ова добро за жетвата. Лоша е состојбата. Ако продолжи вака времето може да се намали родот, вели земјоделците.
Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието велат дека жетвата на пченицата во пелагониско се уште не е започната, а оптималните рокови се од почетокот до средината на јули. Но не може ни да се предвиди кога ќе се започне со оглед на ваквите временски прилики.
-Самата механизација не може да влезе во нивата, самото растение мора да биде исушено за да имаме квалитетна жетва. Исто така, забележано е и повторно изртување на зрната, а забележан е и послаб квалитет, односно потемнување на зрното што ќе влијае на квалитетот, но и на цената на овој земјоделски производ, изјави Зоран Бардаковски, раководител на АПРЗ Битола
Големата дожд може да направи оштетувања на сите земјоделски култури, вклучувајќи ги и овошките и градинарските култури. Кај овошките се одложени сите агротехнички мерки, а зголемената влага може да предизвика и појава на габични заболувања.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
