Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан
Првите исплати од Европскиот план за раст нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година. Според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК), плаќањата нема да се вршат пред средината на оваа година, јави РСЕ.
„Европската комисија сега ги финализира процедуралните чекори, што треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни исплати се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, откако ќе се исполнат соодветните услови“, се наведува во писмената реакција од таа институција.
Како што објаснуваат упатените, проблемот е во земјите од регионот што треба да постигнат договор за заем со Европската унија, бидејќи едни финансиски средства се во форма на заеми, а други во форма на грантови. А таквите договори имаат карактер на меѓународни договори и затоа мора да бидат ратификувани од парламентите на тие земји.
Изгледа дека овојпат ЕУ е поподготвена да изврши плаќања од овој пакет отколку што се подготвени да ги добијат земјите од регионот, изјави извор од Брисел за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Од Европската комисија нема прецизно објаснување во која фаза е секоја земја од регионот во однос на обврските неопходни за започнување на плаќањата.
За да започнат реформите, земјите може да побараат до 7 отсто од предфинансирањето од вкупниот износ предвиден со овој инструмент (од првичниот индикативен износ на финансирање што е достапен за секој корисник). Ова го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди (освен Босна и Херцеговина, која се уште не доставила)“, се наведува во одговорот на Европската комисија.
За да може да добие финансиска помош од Планот за раст, од секоја земја во регионот се бараше да развие реформска агенда која потоа беше одобрена од ЕК. Босна и Херцеговина е единствената земја која нема одобрена агенда бидејќи Сараево до Брисел достави нецелосен документ кој не ги исполнува критериумите на ЕК.
Ново на Сител
-
Три странски влади имале планови да предизвикаат физичка штета на државјани на Австралија, вели шефот на австралиското разузнавање
-
Баро: Русија одлучи ЕУ да и биде непријател
-
Кривична за вработена во Одделението за управни работи Куманово - непрописно продолжила регистрација на возило
-
Борис Џонсон: Европа да не се „скандализира“ од Трамп, туку да му помогне да ја запре војната во Украина
-
Нов инцидент во бриселски Андерлехт: Куќа изрешетана со куршуми
-
Велика Британија ќе ги заостри мерките против интернет продажбата на ножеви на деца
-
Република Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија
-
Институт за проучување на војна: Русија не е подготвена на никакви значајни отстапки во врска со Украина