Ракомет
9. October 2015 - 10:15

Одиграни натпреварите од 1.коло од квалификациите за ЕП жени

Со одигрувањето на шестте натпревари синоќа беше комплетирано првото коло од квалификациите за Европското првенство во ракомет за жени што следната година ќе се одржи во Шведска. Исто како и во средата и вчера на сите натпревари победија домашните репрезентации.
Резултати по групи од првото коло:
Група 1: Норвешка – Белорусија 35:24, Романија – Литванија 29:20.
Група 2: Чешка – Италија 33:15, Србија – Украина 34:25.
Група 3: Холандија – Бугарија 45:24, Шпанија – Австрија 25:15.
Група 4: Црна Гора – Македонија 21:14, Хрватска – Словенија 27:19.
Група 5: Полска – Финска 29:12, Унгарија – Словачка 32:19.
Група 6: Русија – Португалија 39:19, Данска – Турција 28:19.
Група 7: Германија – Швајцарија 29:18, Франција – Исланд 27:17.
Натпреварите од второто коло се играат во сабота и во недела, а Македонија во Скопје ја пречекува селекцијата на Хрватска.