Фудбал
29. April 2017 - 18:29

Одиграни четири средби во англиската Премиер лига

 
 
Во фудбалскиот шампионат на Англија попладнево беа одиграни четири натпревари од 35.коло во Премиер лигата.
 
Две средби завршија без постигнат гол, а другите две со минимална победа на гостите.
 
Беа постигнати овие резултати: Саутемптон – Хал 0-0, 
ВБА – Лестер 0-1, Сандерленд – Бурнемут 0-1 и Стоук - Вест Хем 0-0.
 
Во последниот натпревар од денешната програма ќе играат Кристал Палас – Барнли.
 
За утре покрај дербито на двете првопласирани екипи на табелата Тотенхем и Челзи (од 17.30 часот) ќе се одиграат уште три средби, Манчестер Јунајтед – Свонси (од 13 часот)
Мидлсборо - Манчестер Сити и Евертон – Челзи (од 15 часот).
 
Колото ќе биде заокружено во понеделник со натпреварот Ватфорд – Ливерпул.
 
Табела: Челзи 78 бодови (33 натпревари), Тотенхем 74 (33), Ливерпул 66 (34), Манчестер Сити 65 (33), Манчестер Јунајтед 64 (33), Арсенал 60 (32), Евертон 58 (34),...