Живот
11. April 2023 - 8:00

Oделото на Џон Траволта oд „Треска на саботната вечер“ оди на аукција

Oделото на Џон Траволта oд американскиот филм „Треска на саботната вечер“ (Saturday Night Fever) од 70-тите, оди на продажба.

Имено, можеби најпознатите три парчиња полиестер во филмската историја овој месец одат на наддавање во аукциската куќа „Џулиен’с“ во Калифорнија, на 22 и 23 април. „Крилестото“ бело одело, панталоните-ѕвонарки, појасот и, веројатно – „неисцрпниот извор“ на статички електрицитет, се очекува да достигне 200.000 долари или повисока цена.

– Мислам, ова беше диско-ерата!, нагласи извршниот директор на „Џулиен’с“, Мартин Нолан. – Ова е она што го паметиме. Кога луѓето зборуваат за диско, сите ја имаме на ум „Треска на саботната вечер“… Ги имате предвиди „Би џис“, Џон Траволта, додава тој.

Понудата е една од околу 1.400 предмети од последните над 100 години кинематографија. Меѓу другите сувенири е и бастунот на Чарли Чаплин, скејт-даската од „Враќање во иднината III“ и оригиналната наметка што ја носела глумицата Теда Бара во „Клеопатра“ од 1917 година. Обожавателите на „Хари Потер“ ќе може да наддаваат разни реквизит-стапчиња, а ќе има и костими од „Џон Вик“, „Бетмен“, „Железниот човек“ и „Војна на ѕвездите“.