„Одеднаш, тропање на вратата“ на Етгар Керет, во издание на „Македоника литера“

Книгата раскази „Одеднаш, тропање на вратата“ на израелскиот писател Етгар Керет, првпат е објавена на македонски јазик во издание на „Македоника литера“ од Скопје.
Етгар Керет е преведен на повеќе од 40 јазици во речиси 50 земји и е познат по своите раскази, стрипови и сценарија за филм и за телевизија.
Книгата „Одеднаш, тропање на вратата“ (2010) е меѓу најпознатите дела на Керет кое ги потврдува неговата бескрајна ингениозност и луцидност. Оваа збирка раскази е преведена на повеќе од 20 јазици, меѓу кои на англиски, германски, француски, италијански, холандски, кинески, јапонски, шпански, турски, бугарски и хрватски јазик.
Негови најпознати дела се збирките раскази „Цевководи“ (1992), „Недостига Кисинџер“ (1994), „Возачот на автобус кој сакаше да биде Бог“ (2004), „Девојчето на фрижидерот“ (2008) и „Одеднаш, тропање на вратата“ (2010).
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
