Одбраната на Јордан Камчев бара меѓународен мониторинг за случајот
Со отворено писмо до 47-те министри за надворешни работи на Советот на Европа одбраната на Јордан Камчев бара меѓународен мониторинг за случајот.
„Тргнувајќи од фактот дека Македонија е под мониторинг на Комитетот на Министри при Советот на Европа во делот кој се однесува на примената на мерката притвор и треба да постапува согласно со Акцискиот план Владата на Македонија за извршување на оваа обврска и имајќи го во предвид незаконитото лишување од слобода, тортурата која беше потврдена и против правната и незаконита употреба на „сомнителни докази“, надвор од сите процедури и стандарди на дејствување од страна на Агенцијата за национална безбедност, како и јавниот напад на одбраната во случајот на Јордан Камчев, одбраната се обрати со отворено писмо до 47те министри за надворешни работи на Совет на Европа поради следниве причини, и тоа:
Круцијалниот доказ со кој Судот располага и врз основ на кој г-динот Јордан Камчев е против законски лишен од слобода и му е повторно продолжена мерката притвор е целосно незаконит доказ, односно, не смее да биде доказ во кривична постапка. Дополнително и покрај сите инсистирања од страна на одбраната Судот одбива тој доказ да го обелодени, достави и презентира на одбраната.
Имено, Информација (заведена под СД бр. 02-545/1 од 14 ти Март 2021 година) на АНБ врз која се заснова решението на Судот за лишување од слобода, Информацијата на АНБ е спротивна на член членот 43 од Законот за Агенцијата за национална безбедност и согласно на овој член, не може да се употреби како доказ во кривична постапка, но може да се користи за иницирање и насочување на кривична постапка.
Недозволливо е вршење на јавни напади и притисоци врз одбраната на г-динот Јордан Камчев, преку соопштенија и изјави што претставува директно мешање и дискредитација како на целокупниот предмет, така и директно на г-динот Јордан Камчев и на неговата одбрана.
Поради молкот на македонските институции во овој случај, до кои повторно апелираме да започнат да постапуваат согласно својот професионален интегритет, одбраната на г-дин Јордан Камчев бара меѓународен мониторинг на случајот односно, овој случај да биде дел од процесот на мониторинг на Комитетот на министри на Советот на Европа.
Меѓународен мониторинг се бара и поради директно кршење на Уставно загарантираните права и гаранции на Јордан Камчев на „слобода и безбедност”, „правото на ефикасна и делотворна одбрана ” и на неговото право на „правично судење пред непристрасен трибунал”, како и дека бил субјект на нечовечко и понижувачко дејствување од страна на институциите на Македонскиот систем кои му ја имаат ограничено неговата слобода.“ - стои во писмото.
Ново на Сител
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски