Одбраната и Армијата активно се вклучија во еко-акцијата

На неколку локации кај касарните „Илинден“, „Гоце Делчев“ „Ѓорче Петров“ и касарната во Петровец во Скопје, како и во другите гарнизони низ државата – Куманово, Тетово, Кичево, Прилеп, Велес и Штип, припадниците на Армијата и вработените во Министерството, заедно со министерката Радмила Шекеринска, активно се вклучија во акцијата за чистење на животната средина, чија цел е да ја подигне свеста за потребата од почиста животна околина, соопштија од Министерството за одбрана.
– Наполнивме стотици ќеси со ѓубре, да се погрижиме сите локации да останат чисти и по денешниот ден. Едноставно е – ако сакаме чиста држава, ако ѓубрето ни пречи, да престанеме да го фрламе каде што не треба, порача министерката.
Од Министерството информираат дека во денешната акција се придружија и првите луѓе на НАТО канцеларијата во Скопје и канцеларијата на САД за одбранбена соработка.
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
