Одборот на бранители постави спомен плоча во чест на ослободувањето на тетовското Кале
Одборот на бранители денеска на тетовското Кале на ридот Балтепе постави нова спомен плоча во чест на бранителите од Армијата и Полицијата за успешно завршената операција за ослободување на Калето на 26 март 2001 и за оние кои во тетовскиот регион ги дадоа животите во одбрана на државниот суверенитет. По поставување на плочата беше оддадена почит со едноминутно молчење како и со положување на цвеќе, а одржана беше и помен панихида.
Армискиот полковник во пензија проф. Д-р Миле Петровски, кој бил заменик-командант на операцијата пред присутните зборуваше за одвивањето на операцијата за ослободување на Калето од вооружените групи кои ја напаѓаа касарната и други позиции на безбедносните сили. Акцијата ја предводел бригадниот генерал Јосип Бошевски, кој е починат во 2010 година.
-Вооружените групи десетината дена од Калето го опсипуваа градот Тетово и особено касарната со автоматско оружје. Беше изведена воена операција со цел разбивање на уфрлените групи на Калето и поширокиот реон северно од градот, затворање на правците кои изведуваат од косовска територија кон Македонија и обезбедување на просторот. Операцијата почна на 25 март со силна артилериска поддршка и општ напад насочен кон Калето додека со тактички десанти на специјални сили се обезбеди контрола и затворање на просторот на границата кон Косово. Постигнат беше целосен успех со разбивање на вооружените групи, истакна полковникот Миле Петровски.
Претседателот на Одбор на бранители Марин Најдов, истакна дека безбедносните сили на АРМ и МВР во 2001 година беа со основа цел одбрана на суверенитетот на државата што беше успешно и затоа сега возможно одбележување на дваесетгодишнината.
-Дваесет години е долг период на гушење на бранителската кауза, разни влијанија, да не има што помалку од неразбирливи причини. Некои загинаа пред 20 години, но покасно починаа многу повеќе, а на поколенијата во Македонија благодарение на политиката не успеаа да им го остават чувството како е да се одбрани Македонија. Бранители бараат државата да си ја исполни обврската преку институциите на системот. Се почесто ја слушаме флоскулата за помирување. Ако се знае дека оние кои ја напаѓаа државата истата држава им даде амнестија тоа е најмногу што може во такви околности да се добие, ние мислиме дека фактички сме се помириле. Друго е прашањето колку тие што добиле се, денес се лојални и благодарни на државата, истака Марин Најдов.
Пред присутните се обрати и отец Александар Стојановски кој порача дека споменот на бранителите се потпира на зборовите Господови.
-Оној кој што животот свој ќе го положи ближниот свој ја чини најголема жртва. Нема поголема љубов од оваа да го положи некој животот свој за ближниот свој, рече отец Стојановски.
Почит пред спомен плочата и на настанот изразија делегации на Одбор на бранители, АРМ, МВР, партиите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Сојузот на борци, Одбор на бранители од Кичево, Бедем и навивачка група Војводи.
Ново на Сител
-
Приведен скопјанец, возел со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
Санкционирани 154 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани