-->
-->
Одбојкарките поразени од Египет на Ми во Алжир
-->
По подолга пауза женската одбојкарска репрезентација на Македонија се појави на меѓународната сцена и тоа на Медитеранските игри во Алжир каде е поразена од од Египет со 1-3 , по сетови 20-25, 25-11, 19-25 и 23-25.
По доминацијата на Египет во првиот сет во вториот доминација на нашите одбојкарки кои го добија сетот со 25-11 за 1-1, но сепак Египет повторно го врати водството, откако го доби третиот сет со 25-19.
Иако во последниот сет игравме добро и водевме со 21.19 сепак на крајот со неколку грешки потклекнавме и загубивме со 25-23.
Најдобра во тимот на Египет беше Фарида Еласкалани со 16 поени, додека кај Македонија најефикасна беше Теа Терзиевска со 19 поени.
Следен натпревар за македонските репрезентативки е на 27 јуни против Тунис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба