Спорт плус
23. September 2016 - 11:53

Одбојкарите ги продолжуваат квалификации за ЕП 2017

Одбојкарската репрезентација на Македонија попладнево го игра првиот натпревар од вториот квалификациски турнир за Европското првенство 2017. Противник на нашите одбојкари е домаќинот на овој турнир селекцијата на Чешка, а почетокот на дуелот е во 18 часот.
На првиот турнир Македонија забележа три порази, а од Чешка загуби со 3:0 во сетови. 
Утре Македонија ќе игра против Естонија против која загубивме во Крајова претходниот викенд со 3:2, додека во последното коло ривал ни е Романија.
По првиот турнир одигран во Романија во групата Ф води Чешка со 9 бодови, пред Естонија со 5, Романија има 3, а Македонија е последна со 1 бод.
Првопласираната репрезентација ќе се пласира на Европското првенство, а втората заедно со другите второтопласирани од петте групи ќе игра во бараж дуелите.