Одбиено барањето за повлекување на Законот за јазиците
Пред да биде утврден дневниот ред на денешната 15. седница, на барање на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза, откако претходно не беше прифатено барањето на Илија Димовски да биде повлечен Предлог-законот за употреба на јазиците, поради како што рече, свесно кршење на процедурите.
Најпрво, рече Димовски, процедурите се прекршени со утврдувањето на Комисијата за европски прашања за матична, иако тоа треба да биде Комисијата за политички систем, потоа на законот му е ставено европско знаменце, иако не постои европска директива или регулатива со кој тој се усогласува, со цел, како што рече, да се оневозможи дебата на собраниските тела.
Исто така, рече тој, и многу македонисти, претставници на Институтот за македонски јазик, професори од правните факултети и МАНУ бараат јавна расправа пред тој да биде донесен во Собранието. Затоа барам, истакна тој, оваа точка да се повлече од дневен ред, да се отворат јавни расправи по предложеното решение, и преку консензус да се дојде тоа заедничко решение. Го повтори ставот на партијата дека предложениот закон е неуставен, дека ќе ги наруши односите меѓу заедниците, оти ќе создаде нефункционални институции и ќе доведе до целосна двојазичност.
Барањето не беше прифатено откако за него гласаа 40 пратеници, а 60 беа против.
Пратеникот Антонио Милошовски, повикувајќи се на Одлука за формирањето на комисиите од 31 мај годинава, рече дека матична комисија за ова законско решение е Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Џафери, одговарајќи им на Димовски и на Милошоски, појасни дека претседателот на Собранието е тој кој одлучува кое тело ќе биде надлежно за одреден предлог законот, што, како што рече е регулирано со Деловникот за неговата работа.
- По однос на работата и определувањето на матично работно тело претседателот на Собранието со одлука определува матично работно тело, рече Џафери.
Седницата треба да продолжи во 13 часот.
Предлог законот за употреба на јазиците, претходно денеска беше поддржан од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Минатата недела зелено светло за законското решение даде и собраниската Комисија за европски прашања.
Ново на Сител
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи