Одбиен предлогот на СЈО за мерка притвор за уште четири лица
Судијата во претходна постапка од одделот за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1-Скопје синоќа по неколкучасовниот распит, го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерка притвор за лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В осомничени за сторени изборни измами во предметот „Титаник“.
Како што соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на сослушување вчера се јавиле лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В. за кои Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации поднесе предлог за определување мерка притвор за обезбедување присуство заради непречено водење на кривична постапка.
- По сослушување на лицата во присуство на нивните полномошници, судијата на претходна постапка, во законски предвидениот рок од 6 часа по завршување на сослушувањето, донесе одлука со која го одби предлогот на обвинителството, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1 - Скопје.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга