Одбележување Светски ден на срцето
Институтот за јавно здравје во соработка со НВО „Здрава иднина”, а со поддршка од Министерството за здравство денеска во Градскиот парк организира одбележување на 29 септември, Светски ден на срцето под мотото „Биди херој на срцето, дај ветување“.
Целта е, како што информираат од Институтот, да потсетат на значајноста на здравиот стил на живот и редовните превентивни прегледи за навремено откривање на болестите на срцето и спречување на прераната смрт…
На присутните граѓани ќе им се мери шеќер и холестерол во крвта, крвен притисок, ќе им се одредува индексот на телесната маса преку мерење на телесната висина и тежина, ќе им се даваат стручни совети во врска со нивната здравствена состојба и ќе им се делат флаери и друг вид здравствено-едукативен материјал од страна на здравствени работници.
Во рамки на програмата ќе се презентираат јога вежби и вежби за рекреација. На настанот ќе присуствуваат претставници од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, од велосипедски друштва, здруженија на граѓани, пензионери.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија, Крушево и Виница
-
Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет
-
Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид
-
Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „Тикток“ поради изборите
-
Во Собранието пратенички прашања
-
Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора
-
Украинските власти соопштија за голем руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура
-
Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно