Одбележување на Успение на Пресвета Богородица - Ден на рударите во земјава
Македонска Каменица го слави денот на рударите, што воедно е и ден на општината. Според традицијата, празнувањето започнува со богослужба во црковниот храм Успение на пресвета Богородица, која е заштитничка на рударите. Рударството е примарна индустриска гранка во малата општина на крајниот исток, кое им овозможува егзистенција на поголемиот дел од жителите.
- Каменица не може никогаш без рудникот да живее. Додека е рудникот и Каменица ќе биде Каменица, изјави Благој Ангелов - жител на М. Каменица.
Сепак, во изминатите 3-4 децении во источниот регион не доволно се инвестираше, што иницираше масовно иселување на идниот рударски кадар.
- Еве го школото, кога тргнав на работа беа 1400 деца, а сега се 400. Еве колку се намали за еден работен век од 30 години, изјави Ангелов.
Работата во рудник е тешка и макотрпна и се помалку млади лица се заинтересирани за оваа професија.
- Нека работи младиот кадар, ама нема повеќе млад кадар, нема кој да работи, изјави Стевко Китановски, пензиониран рудар.
Со новиот Закон за рударите, кој е на сила три години, се овозможува пензионирање без оглед на возраста, со што просечната возраст за одење во пензија на рударите се намали од 58 на 50 години.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар