Македонија
12. August 2015 - 8:26

Одбележување на Светскиот ден на млади

Со интерактивни работилници и панел дискусија денеска во Младинскиот културен центар ќе биде одбележан Светскиот ден на младите.

Одбележувањето се организира во рамки на Youth Voice кампањата Y-PEER во соработка со Националниот младински совет на Македонија и Balkan Action 2015. Настанот е поддржан од Фондот за население и Програмата за развој на Обединетите нации.