Македонија
23. April 2017 - 9:27

Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

Во библиотеката „Ал-Би“ во Бабино, Демирхисарско  денеска  прв пат во едно село во светот ќе биде одбележан 23 Април - Светскиот ден на книгата и авторското право. 

Како што најавуваат организаторите, учениците од основните училишта „Гоце Делчев“ од Демир Хисар и „Браќа Миладиновци“ од село Жван симболично, преку 23 златни мисли и изреки за книгата ќе упатат порака за универзалната грижа кон книгата и продолжување на нејзината мисија како инструмент на знаењето и нејзината непобедливост пред електронската ера како медиум што ја собира меморијата на човештвото.

Одбележувањето е финансиски потпомогнато од Министерството за култура и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а се очекува специјална порака да испрати и Ирина Бокова од УНЕСКО.