Македонија
18. October 2019 - 8:23

Одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе

Со почнување на веб-кампањата за издигнување на свеста кај ранливите заедници денеска Министерството за внатрешни работи ќе го одбележи Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе.

Кампањата ќе биде со посебен фокус на трговијата со луѓе за сексуална и трудова експлоатација и за детски бракови како ризик за појава на трговија со деца.

На настанот што ќе биде организиран по тој повод е најавено обраќање на државниот секретар на МВР и националната координаторка на Комисијата за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција Магдалена Несторовска, како и на државната секретарка во Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска и раководителката на канцеларијата на Меѓународната органзиација за миграции Соња Божиновска-Петрушевска.

Кампањата се спроведува во рамките на проектот „Зајакнување на националните капацитети во областа на азилот, миграциите и трговијата со луѓе”, финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Фондот за развој на ИОМ. Проектот е имплементиран од страна на Меѓународната организација за миграции – ИОМ во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

Ново на Сител