Одбележување на Европската недела на мобилноста 2016
Град Скопје и годинава со повеќе активности ќе ја одбележи Европската недела на мобилноста 2016. Од денеска до 22 септември, Град Скопје ќе организира разновидна програма наменета за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор.
Годинава тема на Европската недела на мобилност е „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“. Град Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2016 во соработка со невладината организација ОРТ, со Делегацијата на Европската унија во Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП.
Во овие седум дена Град Скопје ќе претстави многубројни активности и проекти што се поврзани со одржливата мобилност и ќе испрати порака за користење на алтернативните видови транспорт.
Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат, да спортуваат, да се натпреваруваат, да разменуваат позитивни искуства и да учествуваат на трибини и форуми посветени на одржливиот транспортен систем. Традиционално, Европската недела на мобилноста 2016 ќе заврши на 22 Септември, на Денот без автомобили, со големо велосипедско дефиле што ќе се вози на градските улици.
- Манифестацијата има за цел да ги поттикне локалните политичари и јавноста, паметната и одржлива мобилност да ја препознаат како инвестиција за Европа, информира Град Скопје.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега