Македонија
18. May 2016 - 8:16

Одбележување на Денови на педагогијата

По повод одбележувањето на Денот на просветителството 24-ти Мај, Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе го одржи традиционалниот настан Денови на педагогијата на тема: „Педагогија на дело“.

Манифестацијата ќе ја отвори раководителот на Институтот за педагогија Анета Баракоска, а поздравен говор ќе одржат деканот на Филозофскиот факултет - Скопје  Горан Ајдински, и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје Велимир Стојковски, 

Во рамки на манифестацијата ќе бидат презентирани резултатите од спроведено истражување на тема: „Професијата педагог низ различни призми“  од студенти од втора студиска година.